„Еден лекар корона вирусот ја нарече монструм и вистина било“, вака 57 годишната Верица Гиговска почна да ја раскажува нејзината трагедија со влегувањето на корона вирусот во нејзината фамилија.
Пред четири и пол месеци долгата борба против вирусот не ја издржала нејзината 34 годишна ќерка. Минатата година ја имале најголемата радост Верица и сопругот за ќерката правеле свадба во Ниш, потоа ја добила најрадосната вест дека ќе имаат внуче. Ќерката во шестиот месец од бременоста се заразила со ковид 19, состојбата се влошила и завршила на респиратор.
Загубата и траумата се дополниле одкако Верица, сопругот и нејзиниот син се заразиле со корона. Температура, болки, немоќ да стане од кревет, сите роднини и пријатели помагале со храна и лекови кои ги оставале пред вратата, внатре во домот никој никому не може да му се помогне, сите биле во лоша состојба. Тешка болест и скапо лекување. За сите тројца тестовите околку седум илјади денари, клексан за неколку денови за еден човек пет илјади денари, витамини со скапи цени. Целото лекување на целото смејство чинело над 500- тини евра потрошени во домашни услови. Сопругот завршил во кумановската болница, поради влошување на здравствената состојба.
На Верица и докторите од кумановската болница и рекле дека итно сопругот мора да оди во болница каде има интезивна нега. Итните услови за прием барале место веднаш и во тој момент имало само во приватна болница. 63 годишниот сопруг бил ставен веднаш на респиратор. Илјада евра дневно само за респиратор плус трошоци за сите други испитувања.
По шест дена по барање на семејството бил итно префрелен во болницата „8 септември“ на респиратор. Верица вели дека и во приватната болница и во „8 септември“ докторите одлично работат.
Таа и нејзиниот син денес се во подобро здравје, но живеат во чекање и прашања дали нивниот татко и сопруг ќе ја помине тешката битка за живот на респиратор. Таа со апел сите да се внимателни дружби ќе има кога се ќе заврши, но тие што починале ништо не може да ги врати.
Kanal5.com.mk
