Овој сируп е одличен за искашлување на слуз од белите дробови, добар е за деца, помага многу кај пушачи, ги вади сите токсини од белодробните крила за 1 недела ги чисти.




Се користи и при вирусни или бактериски инфекции.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 литар вода,
- 400 грама кромид со лушпа,
- на врвот на кафено лажиче сода бикарбона,
- 400 грама шеќер,
- 1 лимон,
- 2 супени лажици куркума и
- 2 супени лажици ѓумбир корен, изрендан и свеж
ПОСТАПКА:
Најпрво кромидот се мие добро, мора да биде со лушпа. Се сече само врвот и долниот дел односно мустаќите.




Се става на оган 1 литар вода и се става шеќерот. Штом почне да врие се додава кромидот кој предходно треба да биде исечен на 4 дела, се додава ѓумбирот и куркумата.




Се намалува на тивко, па се додава содата. Штом сирупот дојде до половина, односно 500 мл, се трга на страна и се додава сокот од лимонот.
Стои до изладување. Се префрла во тегла и се чува во фрижидер.




За возрасни се зема 2 до 3 пати по супена лажица, 30 мин пред јадење а за деца по 1 кафено лажиче./NMD.mk
