Рибар останал во шок откако помислил дека фатил огромна риба, но видел дека на јадицата фатил огромен крокодил.




Џим Фалкенберг од Таунсвил во Квинсленд, Австралија, многу се изненадил кога пред неколку дена од водата се појавил огромен крокодил. „Се престрашив и за малку ќе паднев, срцето ќе ми излеташе“, изјави Фолкенберг за „Дејли Меил Австралија“.




Тој вели дека крокодилот бил долг околу три метри. Додаде дека крокодилот најверојатно ја проголтал рибата што била фатена на мамката. По борбата што траела околу еден час, тој успеал да се ослободи од крокодилот.




Дел од борбата е снимен и објавен на Фејсбук. „Фала му на Бога, заврши …. Ми треба пиво … Ми треба масажа … Ми треба пауза“, се слуша како тој вика на снимката, што веднаш предизвика бројни реакции.
