Денеска во земјава ќе преовладува претежно сончево и малку потопло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утрото е студено, на повеќе места со слаб до умерен мраз. Над поголемиот дел од територијата времето ќе биде ведро, додека во источните делови ќе има умерена до значителна облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а во источните предели повремено и засилен, од западен и југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од -6 до 2 степени, а максималните од 4 до 9 степени.
Во Скопје утрото ќе биде студено, со слаб мраз. Во текот на денот претежно сончево и малку потопло време.
Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.
Минималната температура ќе биде од -4 до -1 степен, а максималната околу 7 степени.
Во вторник, по претежно ведро утро, во текот на денот се очекува минливо зголемување на облачноста од север, а на одделни места е можна појава на краткотраен снег.
Биометеоролошка прогноза за понеделник, 29 декември 2025 година
Биометеоролошката состојба ќе биде релативно поволна за поголемиот дел од хронично болните лица. Се препорачува зголемена внимателност кај лицата со цереброваскуларни заболувања. Можно е појавување на метеопатски реакции, како што се главоболка и болки во зглобовите.
