По „златната есен“ и температури до 25 степени, кон крајот на неделата пристигнува нов бран студ кој ќе донесе и нови снежни врнежи.

Во утринските часови по котлините и високите предели на југозападот ќе има магла. Преку денот времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, освен на југот и југоистокот каде се очекува слаба дождливост.

– Во четврток ќе биде уште малку потопло, со умерена облачност и засилен југоисточен ветер. Ноќе кон петок се очекува наоблачување со дожд и локални плискови кое ќе се прошири на целата земја, проследено со пад на температурата и свртување на ветерот на северозападен правец.


Есен до крајот на октомври

Според најновите прогнози, новото заладување пристигнува веќе во недела. Во поединечни делови од земјата, поларниот вртлог ќе предизвика нови снежни врнежи. Моделите на метеорологот Ристиќ предвидуваат вистинско есенско време до крајот на октомври: претежно облачно, повремено со дожд, а на планините со снег и снежна мешавина.

Следната недела ќе дојде посилно заладување, максималната температура ќе биде до 15 степени, а на планините повторно ќе паѓа снег. Од 24 октомври па сè до крајот на месецот влегуваме во постуден период со температури под нормалата. Од „Михолско лето“ ќе ни остане само „Михолскиот ден“ во четврток.


Поларен воздух и враќање на снегот

– Ни пристигнува поларен вртлог и студен воздух од Северниот Пол. Тоа ќе предизвика постепен пад на температурата и врнежи од дожд, а следната недела ќе биде вистинска есенска со температури меѓу 10 и 15 степени – објаснува Ристиќ.

– На планините повторно ќе падне снег и овојпат е помала веројатноста да се стопи, како што беше со оној на почетокот на октомври. Следната недела пристигнува нова количина снег – додава тој.

30 дена под снег

Атмосферските осцилации што ги користиме за долгорочни прогнози укажуваат дека токму оваа зима ќе биде мошне студена. Ако се спореди со изминатите две децении, оваа може да биде најладна. Тоа значи дека ќе има многу снег и долги периоди со температури под нулата. Ако биде како зимите од осумдесеттите, тогаш во Скопјеќе имаме околу 30 дена со снежна покривка –

Кога ќе забелее цела земја

Ако прогнозите се остварат, првиот снег во пониските предели се очекува околу 24 ноември, а можен е и порано – од 15 ноември.

– Изгледа дека секој момент може да се појави снег и во низините

Што се однесува до студот, тој предупредува:

– Температурите дури и во низините ќе се спуштат под минус 10 степени. Во Скопје, ако биде минус 12 или 13, тоа веќе се чувствува како вистински мраз. Осумдесеттите години имавме и минус 21 степен. Денес речиси и заборавивме како изгледа вистинска зима – завршува метеорологот.