Сателитските снимки покажуваат дека во моментов врнежи во северозападниот дек од Македонија.

Во текот на вечерта се очекува врнежите да престанат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, претпладне повремено засилен на исток.

Во најновото соопштение УХМР наведуваат дека денеска се очекува претежно сончево на север и на запад. Во останатите региони облачно, на југ и исток со снег со формирање, а на високите планини зголемување на висината на снежната покривка.

Утринскиот мраз ќе биде најизразен на северот и западот во недела и понеделник (21 и 22 јануари), кога се очекуваат минимални температури под -5 °C. На југот и на истокот од земјава мразот ќе биде најсилен во понеделник и вторник (22 и 23 јануари) за кога се прогнозираат минимални температури од -10 до -5 °C, локално и пониски. Дневната температура на почетокот на следната недела е во пораст. Поради топење на снегот во текот на денот и замрзнување на влажните површини во текот на ноќта, се очекува и голомразица.

Вклучено е жолто временско предупредување за снег/мраз, што значи дека времето може да биде потенцијално опасно: временските настани што се предвидуваат не се невообичаени, но потребна е претпазливост доколку планирате активности што се изложени на метеоролошки ризик. Информациите за очекуваните метеоролошки услови треба да се продолжат. Не преземајте непотребни ризици.