Во болницата „Д-р Органџиски“ се породи 51-годишна мајка која свет донесе две прекрасни близначки.

– Со огромна радост ја споделуваме оваа инспиративна приказна: нашата храбра пациентка на 51-годишна возраст стана мајка на две прекрасни ќерки-близнаци! По три обиди за ин витро, токму од третата постапка — прва во нашата болница под раководство на Д-р Верица Органџиска — го донесе долгоочекуваното чудо. Ова не е само медицински успех туку и триумф на верата, надежта и непоколебливата љубов, споделуваат од болницата.

– Добредојдовте мали принцези. Вашето доаѓање е доказ дека животот секогаш може да подари нов почеток дури и кога мислиме дека е предоцна. Горди сме што сме дел од ова патување. Благодарни сме за довербата. И продолжуваме да веруваме во чуда, додаваат од болницата.