Сега и сестричката на Мите, Катерина има сопствен лаптоп компјутер, кој денес и беше доставен од страна на вработени во Општина Куманово.
Ова на својот фејсбук профил го објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Тој нагласи и дека дополнително Мите и Катерина ќе добијат две работни маси и столчиња, за поуспешно да можат да ја следат наставата и да учат во домашни услови.
„Остануваме посветени на обезбедување квалитетни услови за живот за сите, а особено на децата кои се иднината во нашето општество“, напиша Димитриевски на својот фејсбук профил.
Ова следува откако пред неколку дена Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавиле два лап топ компјутери, кои денеска требаше да му бидат врачени на семејството, чии деца сведоачеа дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата, во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив.
„Воедно ќе се обидеме да им обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите. Дополнително Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства“, напиша Димитриевски.
Од Види Вака попладнево рекоа дека добиле стотици пораки со желби за донирање компјутер за семејството Драгишевски, парична и друг вид на помош.
„Вашите пораки ги пренесовме до семејството и во нивно, како и во име на тимот на Види Вака неизмерно Ви се заблагодаруваме.
