Денеска ќе биде променливо, во кошавското подрачје и натаму ветровито, а краткотраен дожд  понекаде се очекува на југоистокот, југот и југозападот

Најниската температура ќе биде од 10 до 15 степени, а највисоката дневна од 18 до 22 степени.

Во Скопје денес ќе биде променливо облачно со умерен и засилен југоисточен ветер. Најниската температура ќе биде В

Во наредните седум дена ќе биде свежо, во поголемиот дел од местата со највисока дневна температура од 16 до 20 степени, а во втората половина на следната седмица и уште малку постудено.

Во Скопје се предвидува слично време во истиот период.

Биометеоролошка прогноза за сабота, 27 септември: Биометеоролошките услови можат неповолно да влијаат врз срцево болни и астматичари. Нервоза, поспаност и ревматски болки се можни метеопатски реакции.