Пандемиите се дел од новата нормалност, а следната може да биде 10 пати поопасна од сегашната. Постои опасност од национална себичност при дистрибуција на вакцини, предупредува милијардерот и филантроп Бил Гејтс.
Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс предупредува дека светот мора да се подготви за нови пандемии. Пандемиите се дел од новата нормалност, на ист начин како земјотреси, торнада, урагани и климатски промени, рече Гејтс во интервју за германскиот дневен весник „Зидојче цајтунг“.




65-годишниот мултимилионер верува дека човештвото треба да ја научи сегашната лекција, која е: Не сме подготвени за следната пандемија. Според него, друга пандемија може да биде десет пати поопасна од сегашната. Во исто време, Бил Гејтс го поздрави научниот напредок во развојот на вакцините: Тоа е чудо. Ако пандемијата избувнеше пред пет години, светот никогаш немаше да може да развива вакцини толку брзо.




Во овој контекст, Гејтс предупредува на опасноста од национална себичност при дистрибуција на вакцини и ги повикува шефовите на држави и влади да обезбедат фер пристап до лековите. Во борбата против пандемијата, ниту една земја не може да се справи сама, убеден е тој.
Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда денес објавија напис на платформата Ксинг, во кој изразија надеж за брз одговор на пандемијата. Во моментов, толку многу луѓе страдаат од Ковид-19 што е тешко да се замисли крајот на пандемијата, но тоа ќе дојде, пишуваат тие.




Запрашан од ЗЦ за теориите на заговор за коронавирусот и особено за неговата личност, Бил Гејтс рече: Голем предизвик е кога луѓето бараат едноставни решенија. Тие се прашуваат дали има некој зад оваа пандемија. Лошо е кога лажните информации ги спречуваат луѓето да бидат вакцинирани, бидејќи тоа го продолжува времетраењето на пандемијата. Според Бил Гејтс, борбата против КОВИД-19 е спектакуларен историски напор.
