Тимот од СЗО излезе од карантин и сега започнува теренска истрага за потеклото на коронавирусот во кинескиот град Вухан.
Научниците ќе разговараат со луѓето од истражувачките институти, во болниците, на пазарите поврзани со првата појава на коронавирусот.




Нивното истражување ќе се базира на доказите на кинеските власти. Теренското истражување следи по повеќемесечните преговори меѓу СЗО и Пекинг.
„Овде не се работи за политика или обвинување некого, туку да се дојде до сржта на научното прашање“, рекол Фишер.

Тој додал дека повеќето научници веруваат дека овој вирус е дело на природата.




Холандскиот виролог и член на тимот, Марион Копманс, во интервју за „CNN“ рекла дека очите на светот се насочени кон оваа истражувачка работа.
