Во текот на изминатите 15 дена поднесени се 1.350 апликации за субвенции за инвертери , а остануваат средства за уште околу 4.000 барања .

Според досегашните бројки , следната зима во Скопје би требало да има околу 1.350 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење , или кажано поинаку , ќе имаме околу 1.350 потенцијални загадувачи помалку од претходната грејна сезона .

Ова значително ќе го подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух . Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата , каде што граѓаните може да аплицираат онлајн. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година , до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата . На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред , но не поголема од 62.000 денари во нето износ.