Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Илина Арсова, чија приказна е доста позната, шт може да се каже дека е лекција која ќе ја повториме.

Илина е македонката која мотивира многу луѓе да се заљубат во активниот туризам. Таа е првата жена која ги има искачено седумте највисоки врвови на седум континенти. Таа е дел од седумдесете жени во светот кои го постигнале овој предизвик. Ова ја мотивира да започне со подигање на свеста на женското планинарење на овие простори.

Илина соработува со македонската ин-каминг агенција „Балкан Прајм Турс“ кои организираат одлични патувања за сите странски туристи во државата. Арсова вели дека туризмот го наоѓа како врска помеѓу природните и културни вредности на нашата земја, кои подеднакво ги почитува. Јазиците и се клучната алатка за патување низ светот, како и за соработка со странски туристи. Благодарение на зборовите на нејзината мајка: „Учи јазици, светот е твој“ успеала да ги научи и зборува шестте светски јазици и да комуницира на вкупно десет. Предноста да ги совлада јазиците е поради тоа што има патувано во педесеттина земји и работено во повеќето од нив.

Илина вели дека има интересно искуство со Балкан Прајм во последниве неколку години. Како туристички водич веќе 15 години, со огромна љубов ги споделува убавините на нашата земја со домашните и странски гости. Балкан Прајм е една од малкуте агенции каде ужива додека работи, а вели дека во последно време сака да се посветува и на приватни проекти кои ја прават среќна.

Арсова е задоволна од тоа како странските туристи гледат на Македонија. Според неа, тие остануваат без збор, истовремено се воодушевени од природните убавини и вџашени од негрижата кон природата, отпадокот и екстремно ниското еколошко ниво во земјава.

Она што можеби не сте го знаеле е фактот дека сликарството е нејзината првична професија. Сите други разновидни искуства се наталожуваат и калемат во непосредна врска со умерноста.
За неа најинтересно е што некои од туристите толку се поврзуваат со неа што до денеска се во контакт. Контактира со туристи со кои се дружела уште во 2003-та година кога активниот туризам во Македонија беше во подем./Кајак.мк