Оскар Санта Мариа Хуерта од Перу тврди дека на 11 април 1980 година истрелал ракета кон НЛО. Тој, бара од владата јавно да се објават сите податоци за сите неидентификувани објекти.
Хуерта е единствениот пилот кој пукал во НЛО. Тој на 11 април, 1980 година се подготвувал за воздушна вежба.
Тогаш имал 23 години и осумгодишно летачко искуство. Полетал во својот Сухој-22 како би пресретнал необичен сребрен објект кој лебдел над пистата. Објектот се наоѓал во близина на воената база и не одговарал на наредбите на контролната кула.
Полковникот Хуерта, денес пензионер, тврди дека објектот личел на балон. Вели дека истрелал ракета кон овој НЛО кој требало да биде уништен. Сепак, немале апсолутно никаков влијание врз објектот.
-Објектот потоа започна да се движи со голема близина. Му се приближив на 500 метри и го нанишанив, меѓутоа објектот го снема со огромна брзина, вели Хуерта. Тргнал во потера и успеал да му се приближи на само 100 метри.
Дури тогаш сфатив дека не се работи за балон. Тоа беше објект со обем од 10 метри, со сјајна купола на врвот. Дното ја објектот имаше кружен облик, сребрена боја и изгледаше како да е изработен од некој вид метал. Но, недостасуваа сите типични компоненти кои еден авион ги поседува. Немаше крила, погонски млазни мотори, прозорци, антени, немаше никаков видлив погонски систем. Тогаш сфатив дека тоа не е никаков објект за шпиунажа туку најнапреден НЛО, вели Хуерта.
Најверојатно му недостасуваше горива, со што повеќе не можеше да нападне ниту да направи брз маневар за бегство.
Се плашев. Мислев дека сум готов, се присетува пилотот кој со цик-цак движења, како би избегнал напад од страна на НЛО, успеал авионот да го приземји во базата.
Откако се вратил, објектот стоел на небото уште цели 2 часа. Тој трди дека сите кои биле во базата, го виделе објектот.
Хуерта е еден од поранешните воени офицери кој изнел докази за постоење на НЛО пред клубот во Вашингтон кој бара да се објават сите податоци за неидентификувани бојекти и средби со НЛО.
Извор/Relaksirano.com