Тој денеска го обвинува Мицкоски дека одработува за Заев и прашува дали цената на амнестирање на неговите криминали било губењето на изборите.

Наместо да го искористи времето што Заев му го препушти додека е на одмор за да ги убеди партиите на Албанците во својата агенда, Мицкоски несериозно целото свое внимание и вниманието на медиумите блиски до него го насочува во објавување на лаги за мене, меѓу многуте и една голема, дека некој судија заборавил да закаже рочиште.

ВМРО ДПМНЕ не заслужува лидер кој лаже и бега од одговорност. Ако Мицкоски му дозволи на Заев да ја направи новата влада и не успее да испреговара поинакво мнозинство, дефинитивно треба да си замине и да ја ослободи партијата, реагира Мијалков, инаку, Мицкоски во синоќешното ТВ интервју го прозва Мијалков дека тој одработува и е во скутот на Заев.

Во однос на ставот на Мијалков Канал 5 побара став од ВМРО-ДПМНЕ, но досега нема одговор.