На прв поглед, во една безопасна слика се криеше вознемирувачка вистина




Таткото на средношколец на социјалните мрежи сподели фотографија од раката на неговиот син покриена со чкртани линии. На прв поглед, на безопасната слика се гледаат линиите кои сугерираат дека детето нешто броело. Меѓутоа, кога таткото Метју Берд од Лондон од својот син дознал што всушност значи тоа, се замрзнал.




Имено, неговиот син со хемиско пенкало напишал на раката колку пати бил малтретиран тој ден во своето училиште, вербално или физички. Откако таткото дошол од полиција каде го пријавил целиот случај, ја објавил оваа фотографија на Твитер и напишал:




„Мојот син е во средно училиште нешто повеќе од една недела. „Тој направи евиденција за тоа колку пати бил малтретиран, вербално или физички, во тој ден. Вкупно 21 пати. Тоа е потресно. Училиштата треба да бидат построги на насилниците, нивните родители треба да бидат казнети!“




Неговата објава сега се споделува на социјалните мрежи, а други родители споделуваат слични искуства.




„И јас го преживеав истото. Ако можам да ви дадам некаква утеха, ќе ви кажам дека со текот на времето станува полесно“, додека еден наставник напишал: „Јас сум наставник на Мет и кога сум работел во училиштата, нема да верувате колку често тоа се случува. “
