Најштетната намирница во историјата на човечката цивилизација која не треба да се јаде за појадок е шеќерот, тврди д-р Матиќ.

Многу лекари истакнуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и дека токму она што најпрво го внесуваме во организмот го одредува нивото на енергија, расположението и метаболизмот. Доколку го прескокнеме појадокот или посегнеме по погрешни намирници, последиците може да се почувствуваат во текот на целиот ден – од пад на концентрацијата до прејадување во подоцнежните оброци.

За значењето на правилниот појадок зборуваше и доктор Момчило Матиќ во подкастот Emire State Balkan, нагласувајќи дека не е сеедно со што го започнуваме денот. Според неговите зборови, она што прво ќе го внесеме има големо влијание врз здравјето, варењето и целокупното функционирање на организмот.

– Појадокот треба да биде најважниот оброк. Наутро кога ќе станеме, нашиот желудник треба да биде празен. Прво треба да испиеме чиста вода, без лимон и додатоци – затоа што кога ќе се испие со лимон, започнува варењето, а ако се испие чиста вода, варењето нема да започне – во тоа е клучот – објасни д-р Матиќ и додаде:

– Доколку прво земеме кафе или алкохол, кофеинот ќе исфрли повеќе вода од телото отколку што сме внеле преку кафето. Најнапред вода, потоа чај, а потоа овошје (три до четири вида овошје се сосема доволни), без снегулки и слични глупости. Кога ќе земеме овошје на празен желудник, по вода и некој чај, нашите клетки ќе добијат доволно нутриенти, минерали, витамини и оксидирана вода и тоа е доволно. Не ни се потребни пет оброци.

– Рафинираниот шеќер е најштетната намирница во историјата на човечката цивилизација. Тој ни краде минерали од телото, ја намалува апсорпцијата на минералите во организмот.