Крајот на септември и почетокот на октомври е вистинското време да го засадите кромидот, во чиј вкус ќе уживате уште во првите денови од пролетта.

Есента е совршен период за градинарство – земјата сè уште е топла од летото, а првите есенски дождови редовно ќе ги наводнуваат насадите. Нема ништо поубаво од есенска градина полна со зелена салата, блитва, цвекло, а штотуку посеан магдонос, грашок, морков и кромид.

5 причини зошто да садите кромид токму во есен:

  1. Топлата земја овозможува побрз раст.

  2. Кромидот развива силен корен кој издржува низ зимата.

  3. Есенскиот кромид напролет е многу посочен.

  4. Има подобар вкус од оној засаден напролет.

  5. Созрева порано – додека другите садат, вие веќе берете.

Како да го засадите кромидот?

Секое мало кромидче засадете го блиску до следното. Кога напролет ќе стигне младиот кромид, берете меѓу редовите за да ги разредите садниците. Оние што ќе останат, ќе пораснат големи и силни, а вие претходно ќе имате свеж млад кромид за јадење.

Целиот процес на одгледување трае од 60 до 80 дена.

Како да ја подготвите почвата?

  1. Исчистете ја од плевел.

  2. Добро прекопајте за да стане ронлива.

  3. Со дршката од мотиката повлечете линии и засадете во редови.

Кромидот се забодува на длабочина од неколку сантиметри, а растојанието меѓу главиците нека биде околу 20 см.

Есенскиот кромид речиси и да не бара полевање – дождовите ќе ја завршат работата. Само ако има подолг сушен период, полевајте еднаш месечно.

Откако ќе го засадите во есен, слободно „заборавете“ на него до пролетта – тогаш ќе почне да расте, а вие со задоволство ќе почнете да берете и да уживате во сопствениот кромид.