Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прими првата доза на вакцина против 19 19, објави Анадолија.
Тој се вакцинираше во Градската болница во главниот град на Турција, Анкара, со кинеската вакцина „Коронавак“.




„И јас се вакцинирав“, рече Ердоган на својот профил што вчера го активираше на социјалната мрежа „Телеграм“.
Едроган се погрижи и да ги засени сомнежите на „антиваксерите“. На видеото споделено и на „Твитер“ јасно се гледа дека тој навистина ја прима инјекцијата.




Сепак претседателот на Турција не е првиот што ја прими кинеската вакцина. Вчера прв се вакцинираше турскиот министер за здравство Фахретин Коца.
Здравствените работници во Турција утрово започнаа со масовна вакцинација на населението.




Министерството за здравство на Турција соопшти дека планира да вакцинира 1,1 милиони здравствени работници во земјата до крајот на месецот. Досега се вакцинирани повеќе од 200.000 медицински работници.
Turkey’s President Recep Tayyip Erdogan publicly receives Chinese Sinovac coronavirus vaccine pic.twitter.com/bQSaOrut5p
— Borzou Daragahi 🖊🗒 (@borzou) January 14, 2021
