Професорот Христо Мермерски е бугарски генетичар, доктор и бивши дипломат во Вашингтон. Специјализирал во Англија, германија и САД. Предавал на 200 универзитети во 63 земји.

Христо Мермерски е човек кој се залага за здрав начин на исхрана. Тој смета дека секоја жена треба да јаде салата од пиперки и лук, или рендан морков и лук.

Според него, ваквата салата ќе и обезбеди на жената здравје, виталност и убавина. Еве го рецептот според кој можете да ја направите оваа лековита салата:

Потребни состојки:

  • свежи пиперки
  • магдонос
  • лук
  • сол
  • масло
  • оцет

Постапка:

  1. Пиперките добро измијте ги и испечете ги во рерна на 200 степени 25-30 минути.
  2. Потоа пиперките ставете ги во кеса за да омекнат додека да изладат, па излупете ги.
  3. Ситно исечкајте го лукчето и свежиот магдонос. Измешајте ги со пиперките.
  4. Зачинете со сол, масло и оцет по вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: