Кога ќе се земе предвид само цената на семињата, ѓубривата и заштитните средства, есенската сеидба на пченица на еден хектар лани изнесуваше 32 000 денари, додека годинава веќе изнесува 70 000 денари, со тенденција на понатамошен раст, бидејќи ѓубривото е поскапува од ден на ден“, предупредува Здружението на земјоделци, особено нагласувајќи дека во споменатата цена на есенската сеидба на пченицата не е вклучена работата и горивото кое постојано поскапува




– Не знаеме што ќе се случи на крајот, но по сегашни цени, напролет вреќа брашно од 25 килограми може да изнесува над 1. 000денари, истакнуваат во Здружението. Решението за ваквата состојба, како што велат, е во спроведувањето на нивните предлози.




– Ова го предлагаме и предупредуваме со години, а тоа е дека е потребно да се активираат стоковните резерви , за кога има стока, да можат да ја купат, складираат и да интервенираат во такви ситуации.




Дополнително, државата треба да се грижи за распределбата за земјоделството за да се посее повеќе земја, но и да се грижи за сигурен откуп и заштита на домашното производство, луѓето да работат и да имаат доволно сопствено производство, да не станат целосно зависни од увоз.и другите да ни диктираат се – сметаат Здружението на земјоделци
