Човек треба сериозно да се запраша од каде му е тој јадеж во душата што го тера да зборува против доброто и против убавото…

Ај јас сум веќе отрпнат, од старт знам дека штом за Христос, единствениот безгрешен, најдоа повод па го распнаа, за мене не треба ни да се чудам, но гледам еден тренд каде што луѓе сметаат дека им е животен повик да наоѓаат маани и фалинки, да „бушат“ дупки во доброто што човек го направил, онака методично се посветуваат не на правење добро, ами на „поправање“ на оние што воопшто земале да направат нешто, а тоа ниту им било должност, ниту работа…

И така, луѓе гледаат, посебно младите, па заради такви напади и плукања од „тастатура експерти и воини“ се повлекуваат од правење добро, и се премислуваат од тоа да преземат нешто околу луѓе и состојби за кои никој не се заложил дотогаш.

Затоа сметам дека што повеќе треба да го фалиме доброто и убавото, зашто дојде време луѓе да се фалат со она од кое реално би требало да се срамат, додека други се срамат од она со кое реално би требало да се фалат.
Доброто и убавото на крај ќе победат, тоа знам!