Семејството не можело ни да сонува колку е навистина големо гнездото на пчелите.




Семејство од Џермантаун во американската сојузна држава Тенеси знаело дека пчелите лазеле меѓу тулите на нивната куќа и не можеле да се ослободат од нив.




Затоа на помош го повикале Дејвид Л. Гловер, кого го нарекуваат „шепотот на пчелите“, а тој открил нешто неверојатно. Станува збор за спасител на пчели кој работи на територијата на три американски држави, а кој веднаш забележал како под циглите се крие големо гнездо. Сепак, семејството не можеше ниту да сонува колку е навистина големо.




– Никој не е свесен колку големо може да биде пчелното гнездо, сите секогаш мислат дека тоа е исто како гнездото на оси – вели Дејвид.




На оваа куќа тој ги отстрани тулите на површина од околу еден квадратен метар, под кои се протегало гнездо со стотици пчели.




– Сопственикот беше повеќе од задоволен бидејќи успеав да го тргнам и преместам гнездото – објави тој на Фејсбук, каде предизвика лавина од коментари.
Погледнете ТУКА
