Свети Никита е по потекло од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествувал на Првиот Вселенски Собор.

 

Свети Никита е родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествувал на Првиот Вселенски Собор.

Кога готскиот кнез Атанарих почна да ги мачи христијаните, тогаш Свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за неговото безбожништво и нечовечност.

Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше Христовата вера и со благодарност му се молеше на Бога.

И умот постојано му беше воздигнат и сосредоточен кон Бога, а на градите, под облеката, носеше икона на Света Богородица со Превечниот Младенец Христос, кој стои и држи крст во Своите раце.

Оваа икона ја носел Свети Никита затоа што Света Богородица му се јавила и го утешила.

Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој Светиот маченик го предаде духот, но неговото тело остана неповредено од огнот.

Неговиот пријател Маријан го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија, во градот Мопсуестија, каде што изгради црква на Свети Никита и ги положи во неа чудотворните мошти на маченикот.

Пострадал и се прославил во 372 година.

Обичаен календар наведува дека денес, имајќи предвид дека се последните септемвриски денови, е крајно време за приготвување зимница.