Свештениците умеат да кажат дека во едно семејство не може да се случи ништо лошо, сè додека има барем една личност што навечер се моли за сите.
Верник не е само оној што редовно оди во црква и се моли, туку и оној што знае да прости, знае да сака, да им помага на другите и да му се заблагодарува на Бога за сè.
Свештениците велат дека во семејството нема да се случи ништо лошо, додека постои барем еден што секоја вечер ќе се моли за сите.
Понекогаш и нашите најблиски – децата или сопружниците – се однесуваат на начин сосема различен од она што го очекуваме, па тоа нè тера да се чувствуваме лошо. Сето тоа нè оддалечува од суштината на христијанството – простувањето.
Светите отци советуваат на крајот од денот да се прочита молитва што ќе нè исчисти од сите лоши мисли што се наталожиле во текот на денот.
Во православието постои посебна молитва што му помага на човекот да се справи со разни грижи и тешкотии во домот.
Еве како гласи:
„Господи, благослови го моето семејство со мир и слога. Отстрани ги кавгите и огорченоста, подари љубов и заемно простување. Помогни ни да бидеме трпеливи едни со други и заедно да чекориме по патот на вистината и верата. Амин.“
