Разорниот земјотрес во Хрватска освен паника и немир меѓу жителуте во Сисачко-мославачката жупанија, донесе и неверојатни сцени, а луѓето се во паника поради расцепите и земјата која буквално се отворила во селата Палањек и Тишина.




Во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, освен Петриње кое е во урнатини, тешко е погоден и Сисак.




На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии на кои се гледа како земјата се отворила.




– Овие расцепи во земјата во Палањка се загрижувачки! Од едната страна низ целото село земјата е пропадната, а на другата страната од улицата низ целото село земјата е отворена и излегува кал и вода, напишала една жена објавувајќи и загрижувачки фотографии.
Во едно видео пак снимено после потресот се гледа необичен феномен кој се случува при јаки земјотреси. Се гледаат исплашени луѓе на отворен простор, додека под нозете им се отвораат пукнатини и земјата станува течна, пренесува Новости.
Иако за неупатените може да изгледа како да се излеала канализацијата, всушност се случува механичка промена на особината на земјата по самиот потрес, по што таа ја губи нејзината цврстина и станува течна.
Овој фенмен се случува како реакција на менувањет на напонот помеќу честичките земја, и предизвикан е поради покачениот притисок предизвикан од земјотресите.
Иако оваа појава одамна е позната, особено нејзиното негативно дејство, кога земјата ја губи нејзината поткрепа, дури во 1964 година по земјотресите во Никати, Јапонија и Алјаска е воочено нејзиното разорно дејство од страна на сеизмолозите и градежните инженери.






