Атиџе Муратова, главниот лик од документарецот „Медена земја“, се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.

Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Овој пат Сузана Турунџиева се огласи на ФБ каде што е во посета на Атиџе во село Дорфулија каде што сподели видео со Атиџе, а го покажа и дворот! И сподели радосна вест бидејќи Атиџе ќе има топол дом следнава зима.

Доброто секогаш раѓа добрина…
Неописиво е задоволството кога имаш можност да поттикнеш и обединиш добри и хумани луѓе и компании…
Огромна благодарност до пријателите од Рес-Ком кои се потрудија на Атиџе да и обезбедат огревни дрва за претстојната зима.