Џенифер Петри (32) од Саутпорт се породи во четвртокот, а на свет го донесе момчето Рио Петри Мартинс, кое заврши на насловните страници ширум светот, под прекарот „бебе сирена“, додека нејзиното раѓање беше прогласено за „раѓање на сирена“.




Џенифер, всушност, не почувствувала кога и пукнала водата, иако била свесна дека породувањето започнало. Таа и нејзиното момче Тео Мартинс (32) отишле во болница, а Џенифер по договор се породила во базенот за породување.




На изненадување на сите бабици, момчето е родено во плодова вода. „Изгледаше како да е во балон“, велат акушерките.




– Во основа, мојот ведењак воопшто не пукна. Плодната кеса од која нормално тече плодовата вода воопшто не пука кога почнува породувањето и ми велат дека е исклучително ретко. Мојот син се роди во балон, а тој се уште беше во водата од базенот, па изгледаше како да е во кожурец.




Водењакот пукнал кога акушерките го зеле во раце, а потоа се родил. Акушерките беа воодушевени и велат дека повеќето бабици никогаш не присуствуваат на вакво нешто бидејќи тоа се случува исклучително ретко, околу еднаш на 100.000 раѓања – вели мајката.
