Александар од Штип не запира, продолжува да им помага на оние луѓе на кои им е најпотребна.

Таков е и денешниот случај кадшто Аце од Штип го реновираше домот на Виолета од село Ерџелија.

13 ден хуманитарна работна акција ден со многу обврски за мене се надевам нема да полудам .

Морам да потенцирам екипава од Велес на дело покажуваат дека се големи професионалци дефинитивно дечкиве си ја знаат својата работа и си стојат на збор се што беше договорено луѓево имаат изработено без ниту една ситна грешка заслужуваат

РЕСПЕКТ .

Како и што најавив мириса и овде на приказна со среќен крај ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО срцки 😉
Александар Горгиевски