Привилегија и чест е да си гостин на трпезата на Атиџе и Феим.

Раим, ти благодариме затоа што уште еднаш ни овозможи да ја доживееме Бекирлија🙏

Сузана Турунџиева повторно сподели нови заеднички моменти од дружењето со Атиџе Муратова

„Медена земја“ можеби не и ја донесе финансиската сигурност што главната протагонистка Атиџе Муратова ја очекуваше, но и донесе нови пријатели и познаници, кои се трудат да и помогнат.

Едно такво пријателство со познатата водителка и пејачка Сузана Турунџиева и Атиџе не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика и песни.

Атиџе Муратова, главниот лик од документарецот „Медена земја“, се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.

Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Овој пат Сузана се огласи на ФБ каде што со Атиџее се заедно на фамилијарен ручек  ви го пренесуваме нејзиниот ФБ статус…