Не ја одложувајте подготовката на овој природен лек – ќе уживате во неговиот вкус, како и неизбежниот позитивен ефект врз здравјето.

Во крвната слика, не е важен само бројот на црвени крвни клетки, туку и нивото на хемоглобин. Ако хемоглобинот е на ниско ниво, ќе има намален пренос на кислород, што на крајот ќе предизвика анемија.

Народната медицина нуди голем број на различни, природни и ефикасни рецепти кои го зголемуваат хемоглобинот во крвта. За да го постигнете овој резултат, треба да се концентрирате на оние рецепти кои вклучуваат состојки богати со витамини.

Затоа во следниот текст ви претставуваме рецепт за подготовка на природен еликсир кој забележително го зголемува бројот на еритроцити и позитивно влијае на целокупната крвна слика.

Не го одложувајте подготовката на овој природен лек. Ќе уживате во неговиот вкус, како и неизбежниот позитивен ефект врз здравјето.

Состојки:

  • 200 мл мед
  • 200 гр ореви
  • 200 гр суво грозје
  • 200 мл сок од морков
  • 200 мл сок од цвекло
  • 2 лимони

Подготовка:

Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките од секоја половина. Мелете ги заедно со кора, а потоа таа маса ставете ја во стаклена тегла од еден литар.

Потоа додадете мед, цвекло и сок од морков и измешајте сè добро. Потоа додадете мелени или ситно сецкани ореви и суво грозје и промешајте повторно.

Наведената количина на состојки ќе ви обезбеди еден килограм вкусна и здрава смеса. Подготвениот еликсир чувајте го во тегла во фрижидер. Земете една лажица од оваа смеса пред секој оброк, три пати на ден.

Друга добра страна на овој лек е тоа што нема несакани ефекти. Ќе бидете полни со енергија, и по две недели употреба, проверете ја крвната слика – сигурно ќе бидете позитивно изненадени.

Извор: stil.kurir.rs