Петтата недела од Велигденскиот пост која во календарот се нарекува Глува недела, името го добила по тоа што во голема мера е поминат постот и следи време на молчење, покајание, односно глуво време.

Втората недела пред Велигден е посветена на св. Марија Египетска, маченичка, која со својот потег докажала дека има надеж за сите кои сакаат да се покаат и да тргнат по патот на вистината и божјата правда. Била голема грешница, со уште поголемо покајание.

Уште од младоста живеела развратно, се додека не отишла во Ерусалим, каде доживеала пресврт, кога непозната сила и го затворила влезот на храмот. Молејќи се пред иконата на Мајка Богородица, одлучила да си го промени животот. Ја преминала реката Јордан и целиот век го поминала во пустина, горко каејќи се за гревовите од нејзината младост.