Заврши грејс периодот за наплата на неплатените сметки и долгови кои граѓаните и компаниите ги имаат кон разни фирми и доверители. Од денеска извршителите продолжуваат со редовните активности откако истече важноста на Уредбата со која беше предвидено 30 дена по престанувањето на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување.

Од Комората на извршители се огласија со соопштение.

По повод написите во дел од медиумите и социјалните мрежи, Комората на извршители на РСМ ја известува јавноста за следното:
Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување ( Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите,, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”.
Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување“ стои во соопштението од Комората на извршители.

error: Content is protected !!