Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби, во интервју за албански „Шчип“ вели дека со СДСМ имаат секојдневни контакти кои тој очекува да се засилат со формирање на институции.

-Ние се уште сме колеги во владата и нашите контакти се секојдневни како две главни партии во земјата. Чекаме да заврши крајот на жалбениот процес и да ги продолжиме и засилиме контактите за воспоставување на институциите кои излегоа од изборите на 15 јули во соработка и одговорен дух – вели Груби.

Тој додава дека црвената линија на ДУИ се договорите со Грција и Бугарија и Охридскиот договор, поради што, истакнува Груби, не доаѓа во предвид коалиција на ДУИ со Левица.

-Дел од некое евентуално алтернативно мнозинство би била партијата „Левица“ и ова е неприфатливо за нас и не доаѓа во предвид соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет. Нема да дозволиме да се вратиме назад, без оглед на тоа дали сме во позиција или во опозиција. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО и во ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволиме – порача Груби.