Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово изјави дека состојбата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е „нешто подобра“, откако го посетил.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека состојбата е малку подобра. Верувам во него, а сега правец Казахстан по големи резултати за нашата Србија“, напиша претседателот на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Даќиќ е во тек, иако претпазливоста останува.
„Секако, претпазливоста и понатаму е неопходна и ништо не е извесно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат. Ние заминуваме за Казахстан, каде што во моментов е минус 30 степени, па се подготвуваме поинаку за да одговориме на студот. Но многу поважно е што очекуваме топол пречек и прекрасна добредојде“, рече Вучиќ во обраќањето на Инстаграм.
Тој истакна дека домаќините одредиле, како што рече, „веројатно првпат откако одам во посети каде било“, да подигнат авиони „Сухој“ во знак на голема почит кон гостите, што го оцени како прекрасен знак на пријателство кон Србија.
„Нè очекуваат важни разговори за сите сфери од општествениот живот, големи договори и значајни спогодби и одлична посета на Казахстан и на претседателот Касим-Жомарт Токаев. Тоа секогаш се добри вести за Србија – тие се големи пријатели на нашата земја и очекувам одлични резултати“, изјави претседателот.
