Ако ЛАМЕЛАТА ви се истроши по помалку од 80.000 километри, тоа значи дека веројатно правите нешто погрешно. По правило, треба да трае 100.000 или повеќе километри

Многу возачи прават грешка додека возат што може скапо да ги чини кога се во прашање трошоците за одржување на автомобилот. Од навика, од мрзеливост или едноставно поради незнаење, често се случува возачите да ја задржат, или „одморат“ левата нога на педалата на куплунгот додека возат. Ова значително го скратува животниот век на овој скап потрошен дел. 

Ламелата, или како што многумина ја нарекуваат и „спојка“, е важен дел од секој автомобил. Тоа е потрошен дел кој речиси секогаш се истроши пред целиот автомобил да биде „подготвен за отпад“. Нормално е да ги замените плочата и другите делови од куплунгот за време на ‘животот’ на автомобилот, можеби неколку пати, но ако се истроши по помалку од 80.000 километри, тоа значи дека веројатно правите нешто погрешно. По правило, спојката треба да трае 100.000 или повеќе километри. 

Многу фактори влијаат на абењето на спојката кај автомобилите со рачен менувач, но повеќето од нив може да се спречат. Најчеста грешка е да ја држите ногата на куплунгот додека возите. Многу возачи додека возат ја „одмараат“ ногата на педалата на куплунгот. Иако тогаш има само минимален притисок на педалата, што очигледно не влијае на работата и однесувањето на автомобилот, спојката страда поради тоа.

Дури и минималниот притисок на педалата на куплунгот ги заморува елементите на спојката и придонесува за негово забрзано абење. Ова е причината зошто во автомобилите лево од спојката има простор каде што левата нога може да се одмори додека не ја користите за притискање на куплунгот. Одржувањето на ногата во таа положба е исто така поприродно и подобро за ‘рбетот и помалку заморно за возачот. 

Друг детал на кој мора да се внимава е држењето на педалата на куплунгот кога стоите на семафор. Ова исто така не се препорачува бидејќи побрзо ќе ги истроши деловите на спојката. Многу попаметно решение е да го ставите автомобилот надвор од брзина и да ја тргнете ногата од педалата на куплунгот. 

По правило, спојката треба да се користи само кога е навистина неопходно, односно при движење и менување на брзината. Многу е важно за време на движењето да се користи што е можно помалку гас, колку што е доволно, и да се ослободи спојката на одмерен начин. Исто така, кога менувате брзини, не заборавајте да ја стегнете спојката до крај пред да ја поместите рачката на менувачот.