Денеска, точно во 23 часот и 54 минути нè очекува Нова Месечина во Водолија, а овој астролошки настан ќе има влијание врз сите хороскопски знаци.
Меркур и Марс тргнаа напред, а наскоро ќе се движи и Уран, што значи дека вселената ни кажува дека е време да правиме планови, бидејќи ниту една планета нема да биде ретроградна до април 2023 година.




Младата Месечина ги презема карактеристиките на знакот во кој се наоѓа, па носи нов животен циклус, план за иднината. Одлично е за секој нов почеток, кој сите го чекаме со месеци.




Младата месечина во Водолија ќе има најголемо влијание врз Водолиите, Стрелците, Овенот, Близнаците, Вагата и Скорпијата.




ВОДОЛИЈА
Време е за добри животни одлуки. Месечината ќе направи аспкекат со Сонцето во вашиот знак, па може да има позитивен пресврт кога станува збор за партнерството. Доколку сте слободни, ве очекува важен состанок. Исто така, има смена на работа.




СТРЕЛЕЦ
Младата месечина ви носи добри вести и е добра за нови планови. Ќе слушнете нешто што ќе ви го разубави денот, па подгответе се за изненадувања во вториот дел од денот. Тоа може да биде повик и порака што не сте ја очекувале.




ОВЕН
Овој астролошки аспект ви носи можност да ги остварите вашите очекувања. Вашите надежи ќе се остварат со помош на една личност која е ваш искрен пријател. Ова е исто така можност да видите кои се вашите вистински пријатели.




БЛИЗНАЦИТЕ
Младата месечина во Водолија е одлична за патување или менување на околината. Тоа ќе влијае и на вашите филозофски погледи на животот, па оваа промена ќе биде одлична.




ВАГА
Овој астро период е добар за љубовта. Тоа ви носи нов период во љубовта кој ќе биде подобар. Тоа може да донесе подобрување во односот со партнерот или излегување на јавно место и претскажува ново познанство.




СКОРПИЈА
Младата месечина ви носи постепени промени. Ќе ја видите важноста на семејните односи и грижата за најблиските. Месечината ќе направи добар аспект со Марс, па може да слушнете за некое наследство.
