Православната црква и нејзините верници денес го прославуваат Светиот маченик Андреј Стратилат.

Свети Андреј Стратилат е христијански светител и маченик од 3 век.

Роден е во Сирија, каде што бил офицер во римската војска за време на царот Максимилијан. Еднаш, предводејќи трупи во борба против Персијците, особено се истакнал и бил прогласен за војвода или стратилат.

По оваа славна победа и враќањето во Антиохија, бил обвинет дека е христијанин, поради што дури бил изведен и пред суд.

Таму, Андреј не ја негирал обвината, туку самиот потврдил дека е следбеник на Исус Христос.

Поради тоа завршил во темница.

Угледот што Андреј го имал меѓу народот и војската го исплашил царот Максимилијан, кој планирал најпрво да го ослободи, а потоа да го убие.

Андреј дознал за плановите на царот и заедно со своите верни војници се повлекол на ерменската планина Таврос. Таму, токму додека биле во молитва, ги стигнала царската војска и ги убила до последен.

Бидејќи ги прифатиле Христовите учења, војниците не сакале да се бранат, туку се препуштиле на судбината.

На тоа место, каде што се излиле потоците крв на мачениците, се појавил извор на лековита вода, за која се верувало дека лекувала од секоја болест. Епископ Петар тајно дошол со своите луѓе и чесно ги погребал мачениците на тоа место.

Еве што треба да направите денес:

Обичајот и верувањето велат дека на денешниот ден треба да се оди во црква и да се помолите на овој светител за здравје на децата и останатите членови од семејството. А доколку му се обратите искрено и со чисто срце, молитвите ќе бидат услишени, па на тој начин ќе ги заштитите вашите најблиски од секоја болест.