Тој тврди дека такво нешто се случува редовно.

Корисникот на социјалната мрежа Reddit, Juarec0201, сподели морничаво искуство од куќата во која живее. Имено, неодамна неговиот татко сакал да го сними нивниот миленик како брка топка, но успеал да го фати гласот кој ја повикува мајка му.

Тој глас го имитирал неговиот помал брат, тврди тој корисник, а со објавата ги дал и следните детали:

-Се трудам да не гледам премногу наназад, имам чувство дека вниманието уште повеќе ја привлекува таа енергија. Што и да беше, имам чувство дека не е пријателски настроена кон моето семејство, а често не имитира или прави чудни работи – изјавил тој.

-Таа енергија отсекогаш била присутна во куќата, ја чувствуваат луѓето кои доаѓаат да не посетат. Кога бев мала, таа ми ги вадеше ќебињата додека спиев, а од ходникот често доаѓаа шепоти – додава овој корисник.

Тој посочува дека би сакал да слушне научно објаснување за оваа појава и додава дека и неговата мајка и сестра доживеале нешто страшно, како некој да липа покрај нив и тоа многу гласно.

– Во времето кога се снимаше видеото, тато беше сам дома и гледаше телевизија. Ниту еден друг уред не беше во функција, едноставно немам објаснување што друго можело да ја создаде илузијата на гласот на брат ми – заклучил тој.
</