Патник на линија 79 од Градскиот јавен превоз во Белград утрово негде околу 6 и 30 го попрскал со спреј возачот на автобусот причината е бизарна.




Како што ни велат соседните медиуми, патникот бил револтиран бидејќи возачот не сакал да го запре пред автобуската постојка, односно место што не е обележано.
Инцидентот се случил во населбата Димитрије Туковиќ, на линија 79, а возачот бил пренесен во Ургентниот центар.




– Патник сакаше да излезе од автобусот, а возачот рече дека не може да го стори тоа. Сепак, тој го запре возилото и му ја отвори вратата. Кога излегол од автобусот, застанал пред возилото, со рака му се заканил на возачот, а потоа отишол до прозорецот кој бил отворен и го испрскал со спреј на лицето – велат во Секретаријатот на градски превози




– Возачот веднаш го притиснал алармот за службите за итни случаи, брзата помош дошла брзо и го пренела во Ургентниот центар. човекот побегнал –




Автобусот бил пренесен во гаражата за чистење бидејќи во него имало уште траги, а тој бил заменет со друго возило. Напаѓачот е сеуште во бегство
