Една жена гледала промотивно видео за ресторан и се вџашила кога на видеото го видела својот одамна починат сопруг. Драмата станала уште поголема кога дознала дека се работи за снимка која е направена неодамна, а нејзиниот сопруг починал пред девет години.
И додека вниманието на сите останати го привлече кулинарската понуда, Луси Вотсон ја заинтригира уште еден детал.
„Колку е старо видеото? Мојот покоен сопруг и неговиот син се во првиот кадар, а почина во 2014 година“, напишала оваа жена на Фејсбук страницата на ресторанот каде што неодамна беше објавено видеото.
“Здраво, Луси. Извини што го слушнав тоа. Снимката е направена минатата недела”, гласел одговорот.
Така, трагедијата беше засенета од мистерија, а можеме само да претпоставиме како се чувствувала Луси кога ја дознала вистината за видеото. Дали можеби помешала маж со сопругот, но од друга страна, на видеото го препознала и неговиот син?
Ниту Луси Вотсон, ниту ресторанот не сакаа да коментираат за Дејли Меил.
Видеото кое ја започна мистеријата беше објавено на Фејсбук на 16 јануари.
