Жена родена без матка станала мајка откако нејзината сестра и го донирала овој орган.

Еден таков е за жена од Велика Британија која е родена без матка , а која станала мајка по трансплантацијата на овој орган.

Грејс Дејвидсон (36) беше тинејџерка кога и беше дијагностициран синдромот Мајер-Рокитански-Кустер-Хаузер (MRKH) – ретка состојба која вклучува отсуство или неразвиеност на матката.

Решена да стане мајка, Дејвидсон беше подложена на трансплантација на матка во 2023 година, при што го доби органот од нејзината постара сестра Ејми Перди, на која „повеќе не и требаше“.

Во февруари 2023 година, по осумчасовна операција во Оксфорд, Грејс Дејвидсон стана првата жена во Велика Британија на успешна трансплантација на матка . Таа потоа помина низ процесот на ИВФ за да прими еден од седумте ембриони кои таа и нејзиниот сопруг Ангус ги замрзнале пред трансплантацијата.

Во февруари 2025 година и се исполни желбата и роди ќерка на која и го дадоа името Ејми Изабел. Бебето – наречено Ејми по нејзината тетка – било здраво и тежело 4,5 килограми при раѓањето.

„Тешко беше да се поверува дека е вистинска“, изјавила пресреќната мајка за Тајмс. „Го добивме најголемиот подарок што некогаш можевме да го побараме“.

„Моментот кога ја видовме беше неверојатен и двајцата само пукнавме во солзи – тешко е да се опише, тоа беше воодушевување“, рекол нејзиниот сопруг. „Собата беше исполнета со љубов и радост, и од сите оние кои беа заинтересирани за Ејми од неверојатни медицински и научни причини“.

Тоа беше крајот на долгата битка за плодноста на Грејс Дејвидсон – и круна за професорот Ричард Смит, гинеколошкиот хирург кој ја основа добротворната организација која ја финансираше почетната процедура, Трансплантација на матка во Велика Британија.

„Морам да кажам дека излегов од болничката соба со солзи кои ми течеа по лицето. Помина четвртина век – добар дел од мојата кариера“, изјави Смит за Тајмс. Чувствувам голема радост, всушност, неверојатна – 25 години по почетокот на ова истражување, конечно имаме бебе, малата Ејми Изабел.

Приближно една од 5.000 жени ширум светот се раѓа без функционална матка.

На глобално ниво, откако се роди првото бебе со трансплантација на матка во Шведска во 2014 година, благодарение на оваа процедура се родени околу 50 бебиња.

Британската национална здравствена служба (NHS) објави дека е воодушевена од раѓањето на ова „чудо“ бебе и очекува дека оваа медицинска пресвртница ќе им даде надеж на другите жени кои сакаат да забременат .