Полицијата истражува чистачка која заработила неколку илјади евра, бидејќи незаконски им наплаќала на посетителите кои ги користеле тоалетите на фестивал во Штутгарт. Измамата ја открила полицијата во цивилна облека.

Како што соопштуваат од полицијата, на фестивалот „Cannstatter Volksfest“ во Штутгарт кој се одржуваше иминатите две недели, била уапсена чистачка, која е осомничена дека нелегално се збогатила, пренесуваат локалните медиуми.

Полициската управа ја објави оваа информација на социјалната мрежа Х или поранешен Твитер.

Осомничената ја искористила наивноста на посетителите и ги принудила да платат за користење на тоалетот, иако тој бил бесплатен. Така заработила неколку илјади евра.

Заедно со објавата, полицијата објави фотографија на која се гледа торба полна со монети, но и хартиени пари и напишаа: „Ова е неприфатливо“.

Според полицијата, жената е уапсена и се води истрага.