Шестиот пакет економски мерки опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од ковид-кризата, во вредност од 17,8 милиони евра, со кои ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.
Со мерките предвидени се:

Финансиска поддршка од 9,9 милиони евра за 6.000 угостители со околу 17.000 вработени;

Со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, „евент“ индустријата, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија;

Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра;

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари и туристички водичи;

Околу 2 милиони евра се наменети за поддршка за ликвидноста на компаниите;

Со 1 милион евра ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма;

Бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Од самиот почеток на кризата, Владата носи сеопфатни мерки во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, сѐ со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните.