Човекот накратко и забранил да ја види својата новородена внука, а многу членови на семејството му рекле дека е лош син.
И забранил на мајката да се гледа со внуката: Кога ќе ја слушнете причината, целосно ќе ја разберете неговата одлука




За многу татковци, сведочењето на раѓањето на нивното дете е момент кој го менува животот и настан кој сигурно никогаш нема да го заборават, бидејќи несомнено ќе се смета за еден од најдобрите денови во нивниот живот. Но, еден нов татко остана лут откако го помина викендот со сопругата за раѓањето на нивното прво дете, а неговата мајка остана лута бидејќи тој беше премногу зафатен за да и честита роденден, пишува Мирор.




Таткото рече дека неговата сопруга била во болница во четвртокот навечер и се породила во понеделник рано наутро, а тој бил со неа цело време. По непроспиената ноќ во петокот, тој бил исцрпен во саботата и целосно заборавил да и испрати на мајка си роденденска порака.




Штом сфатил дека не ѝ пратил СМС, мажот ја повикал мајка си да се извини, но жената збеснала – дури и ја обвинила неговата сопруга дека планирала породувањето некако да се совпадне со нејзиниот роденден за да може да го украде целото внимание. Како одговор на нејзините остри коментари, мажот и забранил да ја види новородената внука.




-Се изнервирав и го спуштив телефонот, но и кажав дека не е добредојдена да го види моето дете неколку дена. Целото семејство постојано ми праќа пораки и ми вели дека грешам и дека сум ужасен син што не и давам да ја види внуката, но таа навистина ме налути – додал тој.




Новопечениот татко рече дека неговата мајка отсекогаш била малку груба со неговата сопруга и по нејзиниот последен испад решил да ги прекине сите контакти со неа „на некое време“ за тој и неговата сопруга да се прилагодат на нивниот нов живот како родители. Корисниците на Редит беа цврсто на негова страна, а многумина го охрабрија да „остане силен“ и да го прави она што е правилно за неговата сопруга и ќерка.




– Правиш правилно, таа е таа што греши – напишал еден корисник. – Не ми се верува дека мајка ти мисли дека сопругата намерно се породила во тоа време. Тоа не функционира така. Веројатно не би и дозволила да го запознае бебето долго време – коментира друг корисник.




ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ КОЈ Е ВО ПРАВО СИНОТ ИЛИ НЕГОВАТА МАЈКА ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!
