Кога ќе почине некој млад човек од ковид и кога ќе додадат кон тоа дека имал хронични болести – како да го сфатиме тоа? Која е смислата на тоа прецизирање?

Дека тоа што некој имал хронична болест го минимизира фактот дека тој починал? Дека хроничната болест го прави помалку вреден? Дека тие што немаат хронични болести не мора да се замараат околу пандемијата? Што е поентата на прецизирањето?

Ужас ме фаќа кога гледам како моралните вредности во нашето општество се во слободен пад!

И тој егоизам што е на стероиди моментално, треба идиот да бидеш да не сфатиш дека на долг рок, освен ако не си гнасен капиталист, тебе самиот ќе ти нанесе штета!