Како Тито во еден ден заработил 50 милијарди долари, спасувајќи ја Југославија од банкрот…




Според тврдењата на авторото на псевдодокументарецот, САД кон крајот на 60тите години на минатиот век дознале за југословенскта вселенска програма, а во март 1961 година, Југославија го продаде проектот на Американците.
Митот понекогаш е поголем од реалноста, а како денес на годишнината на вселенската мисија Аполо 11 која на 20ти јули 1969 година ги однесе првите луѓе на месечината.




Словенскиот режисер Жига Вирц ни ја претстави приказната за југословенскиот мит, но и реалноста. Во првата регионална НВО копродукција во 2016 година е произведен документарниот филм за Тито кој успеал да ги измами Американците дека поседува високо развиена вселенска програма. Поради очјаничките потреби да им парира на Русите и нивната тогашна доминација во вселенските освојувања, Џон Ф. Кенеди поверувал во фикцијата, и наводно ја откупил програмата за пари кои денес би инзеусвале импознантни 50 милијарди долари.




Периодот на 60тите години ја одбележиле студената војна и слетувањето на месечината, но и бројните теории на завери, помеѓу кои била и смртта на најголемата холивудска ѕвезда на сите ремиња, Мерлин Монро. Филмот “Houston, We Have a Problem!” го истражува тајниот проект вреден милијарди долари, со кои Тито избегнал неминовен банкрот кон кој тежела тогашната Југославија.




Меѓутоа, еден инжинер од југословенската вселенска програма одлучил да проговори за целиот случај. Смртта на Иван Павиќ (Божидар Смиљаниќ) била исценирана за тој да продолжи да работи за НАСА, а неговото враќање на Паг во Хрватска во филмот ее всушност киција изведена со помош на актери.
