Портокалов метео аларм. Кинеските власти: „Сите под 50kg да не излегуваат од дома поради силни ветрови“

Кинескиот национален метеоролошки центар ги повика граѓаните кои тежат помалку од 50 килограми да не излегуваат надвор, „за да не ги однесе ветрот“, откако за првпат во 10 години беше издаден Портокалов метео аларм поради бури и ветрови…

Кинеските власти ги повикаа граѓаните на таа земја кои тежат помалку од 50 килограми да не излегуваат надвор, „за да не ги однесе ветрот“.

Кинескиот национален метеоролошки центар во петокот издаде портокалово предупредување поради бурните ветрови во северните делови на земјата, првпат по десет години, објави кинеската ФТВ њуз.

Според метеоролозите, ударите на ветерот од 13,9 до 24,4 метри се забележани денеска во повеќето области на Пекинг, додека ударите на ветерот достигнаа 137 – 41,4 метри во секунда во планинските области.

Претходно, Агенцијата за управување со вонредни состојби во Пекинг соопшти дека на жителите на кинеската престолнина им било советувано да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно и да не застануваат под високи згради, билборди, привремени објекти или големи дрвја.

Многу паркови и верски комплекси во градот денеска се затворени, а сообраќајот на некои експресни патишта и патишта е во прекин.

Во Пекинг се откажани околу 500 летови.

Кина има систем за предупредување за временски услови со четири нивоа, при што црвената линија претставува највисоко ниво на опасност, проследена по опаѓачки редослед од портокалова, жолта и сина боја.