Италијанската тенисерка Камила Џорџи во своите зрели играчки години го сврте вниманието на јавноста кон себе, но не со одлични резултати на теренот, туку со провокативни објави на социјалните мрежи.
Во светот на модата, Камила добро се снаоѓа, а одвреме-навреме објавува провокативна фотографија на Инстаграм за да ја разгори машката фантазија.
Таа е многу активна на социјалните мрежи, а сега откри дека добива голема поддршка од нејзината мајка.
– Модата отсекогаш била моја голема страст. Многу сакам спорт, но повеќе ја сакам модата. Опсесија која ми е пренесена уште од детството. Мајка ми секогаш ми вели: „Додека можете да го покажете своето тело, искористете ги предностите, бидејќи нема да можете да го направите тоа подоцна“.