Граѓаните на Вухан, град во Кина кој што важи за епицентар на коронавирусот во светот, масовно излегоа на улиците вечерва, додека добар дел од остатокот од светот останаа во своите домови за време на Новата година.

Фотографиите и видеата од Вухан го обиколија светот, бидејќи жителите ги преплавија улиците за да ја пречекаат 2021 година, но некои сепак носеа маски, како мерка на претпазливост, иако во градот не е забележан пренос на ковид од 10 мај.

Постариот дел од населението беa на улица, додека младите се одлучија за ноќните клубови.Некои од луѓето изјавија дека внимаваат, но дека не се плашат.